Сет за мажи - гел за туширање, ролон дезедоранс и лосион после бричење
Користи природни производи
Сет за мажи составен од три производи :
- Лосион за после бричење е направен од посебни одбрани суровини: етил алкохол, екстракт од коприва, борна киселина, алантион, кремафор. Етил алкохолот ја дезинфецира кожата со брзо испарување. Иста, но природна функција има ментолот добиен со специјална екстракција од мента како и екстракт од коприва. Борната киселина ги неутрализира заостанатите честички од сапунот и на кожата и дава природен pH. Алатонинот ја забрзува регенерацијата на клетнките, ги чисти ткивата и го забрзува создавањето на нови клетки. Кремафорот е специјално рицинусово масло што на кожата и дава маснотија и ја штити од негативните надворешни влијанија и го неутрализира дејството на алкохолот. Екстрактот на коприва го подобрува имунитетот на кожата и ја враќа потребната влажност. Се нанесува на кожата после бричење и кожата ја смирува, штити од воспаление и инфекции, хидрира и кожата добива здрав, негуван и кадифен изглед.
- Гел за туширање за мажи 3 во 1 содржи екстракт од невен, алантоин, хијалуронска киселина и други активни материи кои делуваат на кожата и косата и по употребата. Гелот за туширање 3 во 1 е идеална комбинација за секојдневна употреба која дава долготрајно чувство на чистота и свежина во текот на целиот ден. Се употребува за миење на косата, на лицето и на целото тело.
- Ролон за мажи не содржи алкали, алкохол, фосфати и парабени. Ја штити кожата од потење и непријатен мирис 48 часа. Кожата ја дезинфецира, го спречува развојот на бактерии и не остава бели дамки под пазувите. Треба да го пробате за да се уверите.